523
Владата во наредните денови ќе го адресира Законот за употреба на јазиците како важно прашање кое е дел од Рамковниот договор, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи.
„Во наредните денови Владата ќе го разгледа и се надеваме брзо ќе го усвои законот за употреба на јазиците“, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството.
Тој посочи дека не очекува опструкции од опозицијата и дека заеднички со консензус ќе се донесе законот за јазици.