Тројца осомничени за вчерашното убиство во Охрид

by fokus

Полицијата од Охрид поднесе кривина пријава за убиство против Н.С. ( 79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид.

Според првичните информации, вчера околу 17.30 часот, во физичка пресметка на која и претходела расправија, се вмешал синот на едниот од учесниците во тепачката и до смрт го претепал својот сограѓанин С.Г. (58) кој колабирал и починал.

Инцидентот се случил пред локална продавница, на улица „Будва“ во населбата „Радојца Новичиќ“ во Охрид.

Поврзани новости