Македонските граѓани ќе понудат сместување за Супер Куп-от за 0 денари

by fokus

Неодамнешниот огромен пораст на цените за сместување во хотелите во Македонија, поради Супер Купот 2017 инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.

Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е да се соберат што повеќе граѓани кои ќе примат по еден или двајца гости восвојот дом, со цел да им овозможат место за преспивање на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот од Супер Купот 2017.

„За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, сешто треба да направите е да се логирате на www.supercupskopje.com и да наведете каков тип насместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот, и преку испраќање на емаил порака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување. Вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови“, соопштуваат оттаму.

Поврзани новости