402
Цетралното претседателство на ДУИ денеска не беше закажно, бидејќи се уште не завршиле консултациите со раководството на партијата.
Портпаролот, Бујар Османи, информира дека одлука вечерва нема да има, а разговорите ќе продолжат утре.
– Знаеме дека е кус рокот, ама ги разгледуваме сите аргументи, зошто мора да донесеме правилна одлука за иднината на земјата – рече Османи пред седиштето на партијата во Мала Речица.
Рокот на мандаторот Никола Груевски, за формирање нова влада истекува во недела на полноќ.