Јанкуловска: Немам никаква поврзаност со набавката на мерцедесот

by fokus

Ексминистерката за внатрешни работи и првоосомничена во новиот предмет „Тенк” што го отвори СЈО, Гордана Јанкуловска, не сака да ја коментира набавката на мерцедесот од 600 000 евра, затоа што, како што вели, не учествувала во тоа.

Таа во изјава за Телма, ги отфрла наводите дека Никола Груевски и нарачал да набави вакво возило и дека таа влијаела на одговорниот за јавни набавки во МВР.

– Бесмислено е да се доведува моето име во корелација со таа набавка. Катица Јанева која сето ова го прави затоа што мора да го сврти вниманието од повлекувањето на Пуч – рече Јанкуловска за Телма.

Ексминистерката вели оти е сигурна дека тендерот бил реализиран професионално и законски, а нејзиниот глас во опозициските „бомби” не сакаше да го коментира.

Поврзани новости