Бети не му даде пари на Талески за театарска претстава

by fokus

Министерството за култура не одобри средства за претставата „Смртта на Јовиќ”, напишана од битолскиот градоначалник Владимир Талески, а во режија на Сашо Миленковски.

Претставата беше еден проектите со кои Народниот театар во Битола конкурираше до министерството, но годинава нема да може да биде поставена на сцената со државни пари, бидејќи претставата не влезе во Националната програма за култура 2017 година.

За оваа одлука, од театарот најавија тужба до Министерството.

Инаку, веста дека се планира постатување на претстава по текст на Талески се дозна при крајот на минатата година и беше оценета како обид, по завршувањето на мандатот, градоначалникот да му се врати на театарот.

Поврзани новости