570
Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека европската комисија во овие два дена ќе ја финализира првичната рамка за почеток на преговорите со Европската унија.
Исто така, тој додаде дека до крајот на месецов во рамки на хрватското претседателство се очекува првата верзија, тоа е стандардна процедура, но означува голем исчекор.
„На нашата генерација ѝ падна среќа да ги почнеме преговорите со ЕУ, а со тоа ја имаме и одоворноста да ги ставиме европските интеграции на прво место и тоа да го направиме на најдобар можен начин. процесот на евроинтеграции не е запрен, а почетокот на преговорите го очекуваме наскоро“, рече Османи.