Османи иницирал лидерска средба кај Пендаровски заради консензус пред почетокот на преговорите со ЕУ

by Fokus

Лидерска средба на партиите со претседателот на државата Стево Пендаровски иницирал вицепремиерот Бујар Османи.

Како што истакна тој на денешната прес-конференција, го сторил тоа со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.

Османи додаде дека неговото барање за лидерска средба не е поврзано со конкретно прашање туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција.

Поврзани новости