Османи: Не се исцрпени сите можности за двотретинско мнозинство

by fokus

Целата енергија и фокус во моментов треба да бидат насочени кон собирање двотретинско мнозинство во Парламентот за уставни измени, смета вицепремиерот Бујар Османи нагласувајќи дека тој е оптимист дека не се исцрпени сите можности за тоа. Дури потоа, според него, треба да се размислува на избори.

– Знаете дека за ДУИ е најважно да заврши процедурата во Собранието.Тоа ние го нарекуваме План А. Планот Б е ако се исцрпат сите можности од Планот А, тогаш имаме предвремени избори. Ние сметаме дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокусот треба да бидат на Планот А, да најдеме начин да собереме двотретинско мнозинство и да ги направиме уставните измени за да продолжиме со скринингот, со членството во НАТО и во ЕУ. Ако се исцрпат сите можности, а јас сум оптимист дека сѐ уште не се исцрпени, се разбира дека ќе размислуваме и за Планот Б односно избори кои отвараат повеќе непредвидливости отколку што ја појаснуваат состојбата – одговори Османи не давајќи конкретен одговор дали ДУИ размислува за широка коалиција со СДСМ и други партии или дали барем има некакви подготовки за излегување на избори.

Поврзани новости