Османи: Мнозинството е стабилно, немаме време за политички игри

by Фокус 14:01
14:01

Парламентарното мнозинство е стабилно, имаме тесна соработка и меѓусебна доверба и немаме време да се дефокусираме за такви прашања кои не се во интерес на граѓаните, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во однос на најавите од опозицијата дека можно е формирање на ново парламентарно мнозинство.

-Имаме многу набиена агенда и реално немаме ни време да се дефокусираме за такви прашања кои не се во интерес на граѓаните. Мислам дека граѓанинот го интересира дали се реализираат проектите кои им се ветени на граѓаните и какви проекти опозицијата нуди како алтернатива. Не верувам дека политичките игри за граѓаните околу мнозинството во Собранието имаат некоја важност – истакна Османи.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Поврзани новости