Зорица Заева била прислушувана 285 дена, а неколкумина новинари биле „таргет“ над 1.500 дена

by fokus 14:15
14:15

Обвинителката Ленче Ристоска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК.

-Има три категории на оштетени лица, дел биле таргети, дел биле соговорници на таргетите, а дел биле со судски налог, но биле следени и надвор од законската регулатива, истакна обвинителката Ристоска.

- Advertisements -

Таа прочита за секој од оштетените колку денови бил прислушуван, па така на пример сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Новинарот Васко Попетрески бил „таргет“ 954, 222 и 1.588 дена, на три телефона.

Уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, била нелегално прислушувана 401 и 315 дена на два телефона, Горан Михајловски 362 дена, Младен Чадиковски 471 дена, Фатмир Бесими 1.422, Хари Костов 746 дена…

Завршниот збор е во тек.

Поврзани новости