Медиумската сфера не претставува изолиран систем, туку слободата на медиумите се гради преку изградбата на стабилни институции, владеењето на правото, транспарентноста на институциите, конкурентност, почитување на правилата, поради што слободата на медиумите претставува јасна слика за состојбата во општеството и за степенот на демократскиот развој.
Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната неформална средба со претставници на медиумите, по повод одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите.
-Денес е светскиот ден на слободата на известувањето, што секако претставува еден од темелните, можеби и најважен сегмент, на кој почива изградбата на едно современо демократско општество – истакна Османи, додавајќи дека медиумската слобода треба постојано да се негува.