Лицето кое се обиде да влезе со пиштол во автобус нападнало полицајци при приведување

by fokus

Едно од двете лица кои вчера насилно сакаа да влезат во автобус на ЈСП Скопје со број 16 при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници. Се работи за триесет и осумгодишниот С.З. од село Морани.

Инаку, тој вчера околу 13:30 часот заедно со уште едно лице излегол од автомобил „Порше“ со гостиварски ознаки и сакале насилно со закани со пиштол да влезат во автобусот.

Откако биле пријавени во полиција, двајцата избегале, а С.З. го фрлил пиштолот при бегање.

Поврзани новости