Османи: Имаше недоразбирање со Захариева, грешка во преводот, состаноците се тензични!

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за блокадата од Бугарија за Македонија. Како што истакна тој, довербата е важна во надминувањето на разликите за ваквиот проблем.

„Ова повеќе е прашање на емоции, отколку на факти, влошувањето на реториката и емоциите се поради изборите, и кај нас и кај нив. Во овие 100 дена може не се успеа да се врати довербата, но се направи добра основа. Довербата е важна во надминувањето на разликите. Никој не би дозволил понижување од бугарска страна, имаше недоразбирање со Захариева, грешка во преводот, состаноците се тензични. Има два сета на прашања на тие состаноци, прашања за преговарачката рамка, да се усогласи текстот, документ од 20-тина страни. Јазикот беше тема на оспорување, тие сакаат јазикот сакаат да е согласно Уставот на Република Северна Македонија“ – вели Османи.

Поврзани новости