Куман по поразот од Јувентус: Ова е неопходна лекција за нас

by Fokus

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сумираше впечатоците од натпреварот против Јувентус во рамките на 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, кој заврши со голем пораз за каталонскиот тим (0:3).

– Поразот беше резултат на првите 25 минути од натпреварот. Почнавме лошо, со страв, ни недостасуваше агресија. Се чинеше како да сме излегле со цел да не загубиме. Одигравме нездраво во одбраната, го загубивме мечот во првиот половина час. Не игравме на нашето вообичаено ниво. Но, нашата форма во Лигата на шампионите беше добра. Овој пораз е по наша, сопствена вина. Во првиот половина час сè тргна наопаку. Претходно игравме против Јувентус и изгледавме добро. Ова е неопходна лекција за нас. Противникот влезе во игра со многу подобар став, истакна Куман.

Барселона исто како и Јувентус Г-групата ја заврши со пет победи и еден пораз и како второпласирана се пласира во плејофот на Лигата на шампионите.

Поврзани новости