632
Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе одржи седница посветена на евроинтегративните процеси во Македонија по последниот Самит на Европскиот совет на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.
Се очекува обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.