Утринава во Берово измерени -2, највисоки температури до 26 степени

by fokus 09:23
09:23

Во Берово утринава се измерени -2 степени, додека во останатите градови во државата утринските температури се сеуште над нулата. Најтопол град е Крушево каде утрово се измерени 11 степени.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во Петровец кај Скопје, Битола, Струмица и Тетово измерени се 0 степени, 2 степени во Маврово и Демир Капија, 3 во Прилеп и Штип, 4 кај Зајчев Рид во Скопје, 5 во Крива Паланка, Лазарополе, Охрид и Гевгелија, 6 во Куманово и Претор, 8 во Виница и 10 во Дојран.

- Advertisements -

Утринава времето е ведро, на места со слаб ветер претежно од северен правец. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала облачност и слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 23 степени.

Поврзани новости