Стоилковски: Јас ќе му излезам на Рашковски на дуел

by Фокус

Владиниот секретар Драги Рашковски побара дебата со поранешниот технички министер во пржинската влада Наќе Чулев околу набавката на софтверот што се уште не се користи, но Чулев ја одби поканана, а предизвикот го прифати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел – рече Стоилковски. 

Рашковски вчера изјави дека правните дилеми околу набавката на софтверот треба да ги решат институциите, но повика на политичка дебата со опозицијата откако ќе се врати од одморот во Мексико.

Поврзани новости