Османи: Господинот Ѓорѓе Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември“.

– Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период – рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став.

Поврзани новости