Османи ги покани противкандидатите на ифтар, но не ја покани Ванковска

by Fokus

Кандидатот за претседател, Бујар Османи, ги повика останатите учесници на изборите на ифтар. Меѓу поканетите, не е Билјана Ванковска од Левица.

„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, напиша Османи.

Поврзани новости