Османи: ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, никој не и се заканува на СДСМ

by Fokus

Во однос на информациите кои циркулираа во одредени медиуми дека и ДУИ на сличен начин и се заканува на СДСМ, нивниот портпарол, Бујар Османи демантира дека неговата партија во случај да не ја добие поддршката од СДСМ на локалните избори би го напуштила Кабинетот на Зоран Заев.

-Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така што, мислам дека тој, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата, посочи Османи.

Во текот на денот и академик Абдулменаф Беџети ги негираше шпекулациите дека разговара со СДСМ за да се кандидира во Тетово за градоначалник на локалните избори, пишува весникот „Лајм“.

-Ништо реално, само шпекулации за кликови. Пред една година не ја прифатив сериозната понуда за премиер, а камоли за ‘комунални услуги’!, изјавил Беџети за Лајм.

Шпекулациите за кандидатурата на Беџети кои ги објавија одредени медиуми произлегоа од изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој најави дека СДСМ би можела да има свој кандидат за градоначалник на Тетово.

На претходните локални избори, партијата на Заев застана зад актуелната градоначалничка Теута Арифи. Но, на парламентарните избори, СДСМ настапи во коалиција со Движењето Беса од каде сега ја очекуваат поддршката за нивниот лидер Биљал Касами кој има намера да влезе во битка за прв човек на градот под Балтепе.

Поврзани новости