493
Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија на неодамна завршениот Интернационален филмски фестивал на филмска режија во Лесковац ја доби наградата за најдобра продукција.
Исто така учествуваше и на фестивалот Raindance во Лондон, каде ја имаше својата британска премиера.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор Нола, Владимир Анастасов и Арто Халонен, режија Раде и Данило Шербеџија, а главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.