Сугарески: Не се откажуваме од изградба на автопатот Кичево-Охрид, но одговорност мора да има

by Fokus

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска најави дека мора да има одговорност за пропустите при изградбата на автопатот Кичево-Охрид за кој Владата и изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро“ преговараат за склучување анекс на постојниот договор.

Се преговара за продолжување на рокот за изградба кој истекува на 31 јануари следната година и за утврдување на дополнителните трошоци за изградбата.

– Иако има шпекулации за над 140 милиони евра се уште не може да се каже бидејќи се преговара. Не се откажуваме  од изградба на автопатот, но одговорност мора да има бидејќи станува збор за сериозна количина пари кои ќе треба да се обезбедат најверојатно од Буџетот на државата. Дали преку кредити или директно од Буџетот на РМ факт е  дека автопатот мора да се гради исто како и автопатот Миладиновце – Штип – изјави Сугарески.

Поврзани новости