Пред еден час ослободен е новинарот од весникот на албански јазик „Лајм“, Бесим Ибрахими, кој вчера беше уапсен откако излегол на терен за да известува од денешните протести во Скопје.
Неговото приведување како учесник во толпа на вчерашните протести пред општината Чаир, според претседателот на ЗНМ Насер Селмани е спорно бидејќи станува збор за новинар.
„Се обидов да и објаснам на полицијата дека тој само извршувал работна задача известувајќи од терен, но од таму добив неприфатлив одговор. Рекоа дека фрлал камења, а потоа дека допрва ќе ги прегледуваат снимките . Тоа е неприфатливо“, изјавува Селмани за ТВ Телма.
Според МВР, не е важно дали станува збор за новинар или за лице со друга професија, па доколку полицијата утврди дека Ибрахими го нарушувал јавниот ред и мир, ќе поднесе кривична пријава.