Уште ги чекаме ланските инвестиции што премиерот преку своите роуд шоуа отиде да ги донесе.

by lali

Во меѓувреме, еден мој пријател пред недела дена беше на одмор во Грција. Таму играл спортска и фатил 600 евра. Отиде со 500 а се врати со 600. Иако анонимен, тој засега има донесено повеќе странски пари отколку премиерот со неговите роуд шоуа. Но наше е да не губиме надеж дека една од многуте „заинтересирани“ фирми ќе се осуди да инвестира во Македонија и ќе се усреќи. Па конечно сите едногласно да извикаме… збогум сиромаштијо!