Видео: Немири во Тетово по пресудата за „Монструм“

by Фокус

Солзавец, каменувања и судири со полицијата следуваа денеска во Тетово, откако толпа од неколку стотици демонстранти протестираа против пресудата за случајот „Монструм“.

Разбеснетата толпа беше разбиена со солзавец и пендреци, откако демонстрантите маваа со камења по полицијата. Демонстрантите се упатија кон седиштетета на ДУИ по булеварот „Илинденска“, извикувајќи пароли како „голема Албанија“, „УЧК“, „Долу Али Ахмети“, „Долу Мендух Тачи“… Тие не успеаја да дојдат до седиштето на ДУИ, бидејќи беа пречекани од кордон полиција и шок бомби.

Во болница завршија десетина лица, од кои повеќето се полицајци.

Протести протов пресудата за „Монструм“ денеска имаше и во Гостивар, но тие поминаа мирно и без инциденти.

За тоа како се одвиваа протестите во Тетово можете да погледнете од видеото преземено од социјалните мрежи.

Поврзани новости