1.2K
Ако се посегне по разрешување на Комисијата за заразни болести, тогаш влегуваме во хаос, изјави поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец на ТВ 24.
-Се случи олабавување на мерките со отворање на кафеаните, а ние отидовме да играме чочек, што е ненормална ситуација во оваа атмосфера. Реисот проглас крај на епидемијата и луѓето во Чаир почнаа да се олабавуваат, тие беа дефокусирани после изјавата. Исто се случи и после изјавата на владиката Агантангел – смета Оровчанец.
Според него, моментално се случува вториот пик од првиот бран, а не втор бран. Во ваква ситуација, тој смета дека сепак треба да има избори.