Пановски: Комисијата за заразни болести како да имаше ургенција како да постапи

by Фокус

Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека науката била потисната при носење на мерките за заштита од корона вирусот.

-И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се  укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи – рече Пановски.

Поврзани новости