Гори депонијата во Шуто Оризари, граѓаните апелираат конечно да се реши овој проблем

by Фокус

Голем пожар изби кај депонијата во Шуто Оризари. Како што известува ТВ 21 од терен, пожарот се уште беснее.

-Овој проблем се проткајува неколку години наназад, овде во близина на Визбегово, единствено што можам да кажам е да апелирам до надлежните, тоа пред се се општините Шуто Оризари, Бутел да го решат овој проблем, а тука да им помогне и Град Скопје и еднаш засекогаш да се реши овој проблем – истакна локалниот жител Владимир за телевизијата.

Тој додава дека често пријавуваат во Пожарна служба и тие го гасат пожарот, но потоа повторно избиваат пожари на исто место.

Поврзани новости