Оркестирана поддршка на Фејсбук за Мицкоски, Ласовска негира дека дала таква наредба

by fokus

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска им дала наредба на своите сопартијки веднаш да напишат статуси на Фејсбук со поддршка за Христијан Мицкоски, објави А1Он.

-Искочете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на Унија на жени. Веднаш, напишала Ласовска во Телеграм комуникацијата испратена до сите претседателки на Општински комитети.

Таа во изјава за А1Он негира дека таа ја напишала оваа порака и додава дека нема ништо спорно во тоа претседателките на Општинските комитети да даваат поддршка на претседателот на партијата.

На Фејсбук на голем дел од страниците на Комитетите на ВМРО-ДПМНЕ, како и на личните профили на дел од партиските функционери беа објавени статуси за поддршка на Мицкоски.

Поврзани новости