Мијалков: Фотографијата со Груби е од пред неколку години

by fokus

Сашо Мијалков преку својот тим за односи со јавност во изјава за „Фокус“ вели дека фотографијата со Артан Груби која денеска стана актуелна на социјалните мрежи и медиумите е стара и нема врска со актуелните случувања.

-Фотографијата со господинот Мијалков и господинот Груби е стара, од пред неколку години и нема врска со актуелните случувања. Истата фотографија кружеше по социјалните медиуми и пред две години. Значи, се работи за класичен спин, изјавија од тимот на Мијалков.

К.С.

Поврзани новости