Забрзано се шири вирусот во Грција

by fokus

Епидемиолошката состојба во Грција е влошена, откако во последните десет дена има зголемување на случаите и драстичен пад на просечната возраст на лицата заразени од вирусот.

Во јужните области на Атина, каде што е утврдена особено висока стапка на заразени луѓе, околу 66 проценти од случаите се на возраст од 15 до 24 години.

Утврдено е дека инфекцијата на лица помлади од 30 години е поврзана со местата за забава, поради што ќе бидат применети построги мерки во рестораните, баровите и во ноќните клубови.

Инаку, само денеска се регистрирани 2.107 нови случаи на ковид.

Поврзани новости