Орбан ја напаѓа ЕУ, зборуваше и за преговорите меѓу Украина и Русија

by Fokus

„Членките на ЕУ на крајот ќе бидат принудени да се согласат на мировни преговори меѓу Украина и Русија поради домашните економски тешкотии“ изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио „Кошут“.

Тој напомена дека „Влошувањето на економската ситуација на Запад ќе ги натера земјите да се залагаат за мир“.

„Се додека трае конфликтот, европската економија `нема да биде онаква каква што сакаме`. Сепак во европските влади доминираат `поддржувачите на војната`. Ако има нешто што би можело да ги натера земјите од ЕУ да ја преиспитаат својата позиција за конфликтот, тоа е натамошното влошување на економската ситуација на Стариот континент“ смета Орбан.

– Повеќето луѓе во Европа веќе ја делат позицијата на Унгарија и се противат на конфликтот, а економските неуспеси може да ги принудат овие луѓе да „вршат притисок“ врз владите во нивните земји – додаде тој.

Според унгарскиот премиер, исходот од претседателските избори во САД следната година би можел силно да влијае и на општата позиција на Западот по ова прашање.

„Постојат две можности… претседателските кандидати или ќе ја поддржат војната или ќе објават крај на војната“, рече тој.

Унгарскиот премиер забележува дека верува оти американскиот претседател е сосема способен „да стави крај“ на конфликтот.

Виктор Орбан долго време тврди дека Западот направил грешка во воената конфронтација со Русија во Украина.

Тој постојано изјави дека не може да има воено решение за конфликтот, додавајќи дека САД и нивните сојузници треба да престанат да го вооружуваат Киев и наместо тоа да бараат мир со Москва.

Поврзани новости