Мицотакис порача дека нема да дозволи Грција да отиде во банкрот!

by Fokus

Сѐ што беше загубено во поплавите, одново ќе го изградиме заедно, државата и граѓаните, ќе направиме сѐ за оваа нерамноправна битка со климатската криза да не биде загубена битка.

Ова е пораката што ја упати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи на Меѓународниот саем во Солун.

Мицотакис зборуваше за „најголемиот шумски пожар и најголемите поплави во историјата на земјата“ и истакна дека сѐ што одново ќе се изгради, ќе се изгради „подобро без грешките од минатото“ со европски и национални средства.

Порача дека главен приоритет е помошта за граѓаните погодени од поплавените, што побргу да си ги вратат домови, како и помошта за бизнисите, но и дека е потребно преструктуирање на патишта, железница и сл, а паралелно најави формирање Организација за управување со водите во Тесалија.

Тој истакна дека е време да започне во Грција јавен дијалог за задолжително осигурување на сите домови и недвижнини од природни катастрофи.

Мицотакис најави одмрзнување, од јануари 2024, на додатоците за стаж суспендирани во 2012 година, ново зголемување на минималната плата од април следната година, соопшти намалување на личното обезбедување на министрите, но и на неговото, со што ќе бидат ослободени 2.500 полицајци, најави промени во судството, реформи во здравството итн.

Порача дека никогаш нема да ја стави во опасност фискалната стабилност на земјата и нема да дозволи државата да дојде до степен на банкрот.

Поврзани новости