Орбан го поддржа ВМРО-ДПМНЕ: Навиваме за пријателот Мицкоски на изборите

by Фокус

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати јавна поддршка до ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.

„Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани. Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели. Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ. Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт. Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината“, вели Орбан во видео-пораката.

Поврзани новости