Шеесетина новолиценцирани доктори сакаат да работат со ковид пациенти

by Фокус

Од 66 доктори на медицина кои овој месец го положија стручниот испит и се стекнаа со лиценца, повеќето од половина изразија желба да работат со ковид пациентите, информира министерот Венко Филипче.

„Внесуваме дополнителна сила и енергија во справувањето со оваа светска здравствена криза. Нема поважно од излекуван пациент и задоволен здравствен работник. Младите се нашата иднина и мора да направиме сѐ да вложуваме во нив и да ги задржиме во нашето јавно здравство“, напиша Филипче на фејсбук.

Поврзани новости