Авроамбсадорот во земјава, Аиво Орав, денеска во Тетово оддржа поединечни средви со лидерите на албанските ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Од ДУИ соопштија дека Орав и Ахмети размениле мислења околу политичките актуелности, евроинтегративните процеси и меѓуетничките односи. Притоа, Ахмети порачал оти целта на реформите во образованието е да го подобрат квалитетот, додека за уставните измени било важно да се усогласат со Брисел и Венецијалнската комисија.
На средбата со високиот претставник на ЕУ, Тачи, истакнал дека вината за застојот во евроатланските интеграции е исклучиво кај владата, поради што граѓаните се разорачани и фрустрирани. Во однос на меѓуетничките односи, пак, лидерот на ДПА рекол дека неговата цел е да влијаат превентивно.