Дискутиравме за можните решенија за излез од моменталната политичка криза, изјави евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав, кој заедно со другите амбасадори денеска оддржа двочасовна средба со премиерот Никола Груевски.
– Нашата клучна порака беше дека е поважен интересот на граѓаните од интересот на политичките партии. Го слушнавме ставот на премиерот за начините на кои ќе се спротивстави на сериозните прашања околу владеење на правото и враќање на довербата во институциите – рече Орав.
Тој додаде дека овој состанокот нема поврзаност со вчерашната средба на лидерите со еврокомесарот Јоханес Хан, од кој произлезе условен договор да се оддржат предвремени парламентарни избори до април, ако претходно се постигне согласност за формирање на преодна влада.