ДОМ бара една изборна единица како трајна инвестиција во стабилноста

by Фокус

ДОМ го поздравува вчерашниот сериозен пристап кон преговорите и начелниот договор за избори во април, нова изборна регулатива, нов избирачки список и демократизација на земјата со независно судство и слободни медиуми. Целото соопштение ви го пренесуваме интегрално:

Излегувањето на ДОМ од владината коалиција се потврди како правилен чекор  кој иницираше редица разумни политички потези за разрешување на политичката криза. На пат се да се реализираат и други наши предлози, како оставка на Јавниот обвинител и избор на нов со консензус, враќање на опозицијата во Парламентот и формирање анкетни комисии за контрола на државните институции.

Како партија која со години се залага за една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи, очекуваме поддршка на тој изборен модел од сите политички чинители во преговарачкиот процес, зашто тоа е сигурен пат за демократизација на земјата. Тоа ќе овозможи самостоен настап на партиите во центарот и малцинските партии и формирање постизборни коалиции со подемократски влади без апсолутна доминација на една од најголемите партии, што претставува трајна инвестиција во стабилноста и граѓанскиот карактер на државата

Поврзани новости