Обединети за Македонија: Љубе утре нема да присуствува на јавната седница за „Ровер“

by Фокус

Од партијата Обединети за Македонија информираат дека претседателот на партијата Љубе Бошкоски утре нема да присуствува на јавната седница за случајот „Ровер“, што треба да се одржи во Апелација.

-Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, нема да присуствува на утрешната јавна седница на “Aпелацониот суд” по конструираното, не легитимно и безправно обвинение, за т.н. случај “Ровер”. ОМ сметаат дека без разлика што е сменет налогодавачот на овие монтирани процеси, Саша Мијалков, дека и денес судиите не се во можност да одлучуваат надвор од неговите наредби и наредбите на “Малиот тиранин”. ОМ и целата македонска јавност беа сведоци како е монтиран процесот “Кампања” и како без никаков човечки морал и совест, практично се применуваат најфашизоидните методи за политичка елиминација на неистомисленик.  Тоа е оној монструозен и во целост фингиран судски чин на егзекуторите, во кој со ништо не е докажана евентуална одговорност, со што категорично го оквалификуваме како процес за непостоечко дело, се наведува во соопштението на партијата.

Од Обединети за Македонија додаваат и дека јавноста овие денови повторно ќе биде шокирана од, како што велат, безкрупулозноста на режимот, бидејќи истите ликови наредувале да му се спакува ново дело на Бошкоски, со зборовите: “Да се измисли нешто, за тој да не излезе од затвор”.

-Нашиот лидер не очекува независна и непристрасна одлука и затоа нема намера да му дава легитимитет на високо политизираното судство и обвинителство, предводено од онаа трагикомична фигура, режимски извршител Марко Зврлески и бисерно окитената дама, Лидија Неделковска. Со доказите со кои располагаме околу злоупотебите направени од полициско, судско-облинителската фела, оваа апсолутистичка власт, изврши тешки кривични дела за кои кривичниот закон дефинира долгогодишни казни затвор. ОМ на крајот му порачуваат на режимот во заминување: Глумете власт, независно судство, правна држава…!, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости