Општина Центар ја прифати забелешката на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Од Општина Центар велат дека ја прифаќаат забелешката од денешното соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Центар, од каде испратија фотографии до медиумите со поплавени улица. „По секој дожд Центар личи на Венеција“, стоеше во партиското соопштение.

Од Општината велат дека фотографиите се однесуваат само за Маџир Маало, односно за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ за која има поделена надлежност меѓу општина Центар и општина Аеродром.

„Претходниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај многуте барања и укажувања не ја даваше согласноста да почне комплетната реконструкција на улицата. Поради намерното кочење од ВМРО-ДПМНЕ, улицата во Маџир Маало е во оваа состојба. По смената на власта, добиена е согласноста од општина Аеродром и завршени се сите подготовки за да почне реконструкцијата.
Во понеделник градоначалникот Саша Богдановиќ, на прес конференција ќе ги објави деталите и плановите за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ која по 50 години ќе добие нова канализациона мрежа, асфалт и тротоари“, велат од Општината.

Поврзани новости