Општина Центар ја поддржува иницијативата за откажување на новогодишната прослава

by fokus

По јавните апели за откажување на новогодишните прослави од страна на општините, заради донирање на срествата во хуманитарни цели, општина Центар информира дека во моментот се ревидираат договорите и правните последици за ваквата одлука.

-Настанот кој го организира општина Центар е одамна подготвен. Освен локални артисти, настапуваат и артисти од регионот со кои веќе се склучени договори и чие откажување ќе предизвика сериозни финансиски последици. Истото важи и за останатиот дел од организациските работи и логистичките трошоци. Општина Центар има целосно разбирање за овие барања.  Сепак, пред да се донесе ваквата одлука, важно е да се направи сериозна и објективна анализа дали воопшто и колку од буџетот може да се заштеди и реално пренамени. Во моментов општинските служби работат на ова прашање и наскоро ќе имаме конкретен одговор. – соопштија од Општина Центар.

Поврзани новости