На експретседателката на Врховен суд и се заканува разрешување

by fokus

Доскорешната претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, откако се кандидирала за повторен мандат во највисокиот суд, добила три претставки пред Советот за утврдување на факти за разрешување на судија, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК

Претседателот на Советот за утврдување на факти Сашо Поцевски за порталот потврди дека против неа се водат три претставки, дека сѐ уште се работат и сѐ уште за нив нема одлука дали пред Судскиот совет ќе се поведат иницијативи за казнување на Неделкова.

Покрај Неделкова, во Кривичниот суд се водат постапи за утврдување на одговорност како судии против уште тројца од шестемина кандидати за првите места во Врховниот и Кривичниот суд.

Покрај постапката против ривалот на Неделкова, судијата Јово Вангеловски, ќе се утврдува одговорност и за Владимир Панчевски и Иван Џолев, кои се во трка за првото столче во Кривичниот суд.

Судскиот совет за утре закажа седница на чиј дневен ред повторно е вонредното оценување на судиите кои се во трката за претседатели. Одлуката за вонредно оценување ја донесе Советот поради тоа што застареле оценките на кандидатите кои последен пат биле оценети во 2014 година.

Поврзани новости