Општина Неготино вклучително и Кризниот штаб ќе испратат Допис до Главниот координативен штаб со барање за воведување на полициски час на територијата на општината на неопределно време, со цел спречување на ширењето на болеста, е една од препораките која се донесе денес на состанокот на Кризниот штаб, на кој се дискутираше за состојбата со корона вирусот во општината.
-Согласно добиените информации од надлежните, констатирано е дека состојбата со Ковид-19 во општината е алармантна со тоа што бројот на активни случаи во моментот во Неготино изнесува 279 заболени лица.
Разгледувајќи ја ситуацијата се донесоа следните препораки и заклучоци – информираат од Кризниот штаб:
-Со одлука на Советот на Општина Неготино на Градскиот пазар ќе се ограничи продажбата на производи , односно ќе може да се продаваат само земјоделски производи;
-Во текот на денешниот ден стручни служби од Општина Неготино, ОВР Неготино и Пазарната инспекција извршија проверка на угостителските објекти во делот на почитување на пропишаните мерки за работа на истите. Притоа им беше упатено, доколку не ги почитуваат мерките, ќе следуваат ригорозни мерки, односно, ќе се им бидат поднесени соодветни казни;
-Строго се забрануваат групирањата на јавни површини ( паркови, бензински пумпи, Спомен костурница, СРЦ „ Младост “) , а ОВР Неготино ќе врши засилена контрола и доколку не се почитуваат мерките ќе следуваат соодветни санкции;
-Бидејќи е утврдено дека спортските терени, детските игралишта, Спомен костурницата, клупите на градскиот плоштад се користат за групирање на повеќе луѓе на јавна површина, истите соодветно ќе бидат оградени со ленти и сите непочитувања односно нивното користење надвор од препораките ќе бидат соодветно санкционирани од страна на надлежни институции;
-Општина Неготино вклучитено и Кризниот штаб ќе испратат Допис до Главниот координативен штаб на Република Северна Македонија со барање за воведување на полициски час на територијата на Општина Неготино на неопределено време, со цел за спречување на ширењето на болеста во нашата општина.
Се апелира до сите граѓани на општина Неготино доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Корона вирусот ( носење на заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено);
-ЈП „ Комуналец “ ќе продолжи со редовната дезинфекција на територијата на општина Неготино
-Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина како и соодветно третирање на отпадот;
-Посебно се потенцира за засилена и редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци- наведено е во соопштението до јавноста.
Вики Клинчарова