ВМРО-ДПМНЕ: Заев пак без мнозинство, Собранието е нефункционално

by fokus 17:33
17:33

Зоран Заев денеска повторно без мнозинство. Театарот и удирањето во гради траеше само еден ден, критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Собранието е нефункционално. Заев со сила донесе пратеници да го гласаат, исплашен од ВМРО-ДПМНЕ и криминалот за кој ќе одговара. Зоран Заев мисли дека се спасил и си купил време, но неговиот крај е извесен и повторна интерпелација е можна. Не сите пратеници кои гласаа за доверба на владата на Заев, тоа повторно ќе го сторат. Владата на Заев е на стаклени нозе. Заев знае дека паѓа и затоа владее со страв и уцени, велат од опозицијата.

- Advertisements -

Поврзани новости