Општина Карпош: Зголемениот данок е во интерес на граѓаните

by Фокус

Откако советниците од СДСМ од Карпош го обвинија градоначалникот Стевче Јакимовски дека ги зголемува даноците во стилот на премиерот Груевски, со соопштение денеска  реагираа и од општината. Од таму велат, дека секоја одлука што ја носи Општина Карпош е во интерес на граѓаните, вклучително и одлуката за зголемување на стапката за данокот од продажба на имот (данок за промет со недвижности) за 0,5 проценти.

– Овој данок ќе го плаќаат сите оние кои доаѓаат во Карпош, односно кои имаат намера да купат имот во оваа општина. Во основаноста на ова зголемување стои фактот дека Општина Карпош има најдобра подземна инфраструктура, нови улици, без дупки и оштетувања, хигиена на високо ниво и зеленило по европски стандарди, најдобри училишта и градинки. Средствата кои што ќе се добијат по овој основ ќе бидат наменети за бесплатни ужинки за учениците од прво и второ одделение и бесплатни еднодневни излети за учениците од прво до петто одделение, како и за стипендии на талентирани ученици и спортисти –  се наведува во писмената реакција од општината.

Поврзани новости