Со лични дисквалификации, навреди и дофрлања кон градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски, кон колегите советници и кон стручните служби, дел од советниците на опозицијата се обидоа да направат неред и да го пореметат нормалниот тек на денешната седница, вметнувајќи во салата непознато лице, кое во неколку наврати се претставуваше како новинар на дневниот весник „Вечер“ и снимаше дел од дискусиите, регира денеска Општина Карпош на вчерашните обвинувања на СДСМ дека во општинскиот совет се случило продолжување на Црниот понеделник, 24. декември.
Поради ваквите немили сцени, на предлог на советникот на ГРОМ проф.д-р Зоран Поповски, на денешната седница беше вметната дополнителна точка на дневниот ред за формирање Комисија за преиспитување на инцидентот настанат на 23-тата седница на Советот на Општина Карпош составена од членови на советот, од власта и од опозицијата со соодветна застапеност, која ќе има задача да ги испита и иницијаторите на овој немил настан.