Полицијата истражува наводни местенки на Скопскиот фестивал?

by Фокус

Голема група лица, меѓу кои јавни линости и малолетници откриени се синоќа од страна на полицијата со неколку стотици припеид картички како низ повеќе локали во Скопје организирано учествувале во телевоутингот со цел да го лажираат начинот на избор на песна за Eвровиозија, јавува ТВ Алфа повикувајќи се на полициски извори.

Според неофицијални информации на „Алфа“ полицијата претресла повеќе објекти каде што биле откриени лицата за кои постои сомнеж дека учествувале во измамата и сите се однесени на информативен разговор. Целта на групата најверојатно била на наместен начин да ја добијат главната парична награда од Министерството за култура.

Поврзани новости