Во недела Марш на толеранцијата

by Фокус

Хелсиншкиот комитет и невладината Цивил организираат Марш на толеранцијата кој ќе се одржи во Скопје, недела, 16 ноември, со почеток во 5 минути до 12 часот, пред Музејот на Град Скопје.

Предвидено е учесниците на Маршот да се движат од Музеј на Град Скопје, преку ул. Македонија, ул. 11 Октомври, Влада на РМ, мостот Гоце Делчев, до платото пред Универзитетот на ЈИЕ, каде што ќе се одржи сценски и диџејски настап.

„Говорот на омраза и делата сторени од омраза врз основа на расна, верска, етничка, полова, родова и сексуална ориентација како и институционализираната дискриминација врз основа на политичка припадност кои се резултат на длабоко вкоренети предрасуди и омраза неминовно продуцираа поделби и тензии во Република Македонија денес. Го повикуваме Јавниот обвинител Зврлевски конечно да се запознае со делата сторени од омраза и да ја врши работата согласно надлежностите пропишани во закон. Толеранцијата е патот кој води до еднаквост, слобода и и правда. Национализмот, шовинизмот и омразата ќе донесат само хаос и деструкција, а жртви се секогаш граѓанките и граѓаните на оваа земја“, се вели во соопштението.

Поврзани новости