414
Советот на Општина Гевгелија синоќа, на одржаната вонредна 13-та седница донесе едногласна одлука за одобрување на 600.000 денари наменети за транспорт на починатиот гевгелиски алпинист д-р Георги Петков од Непал до Македонија.
Д-р Петков почина од „cardiac arrest“ на 20 мај при искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.
Барањето итни средства за транспорт на телото на д-р Георги Петков до Општина Гевгелија го упатило семејството на починатиот гевгелиски алпинист.